Балкански Шенген, дуплирање на процедури

23

Сите предлози на малиот Шенген веќе постојат во договорот на ЦЕФТА, или во Регионалната економска област (РЕА) која беше претставена на Самитот во Трст во 2017 година, во рамките на берлинскиот процес

Фисник ПАШОЛИ

Балканскиот Шенген беше една од најозборуваните и дебатираните теми во мислењата на државите од регионот минатата недела. После одбивањето на Косово, и Црна Гора исто така ја отфрли таквата идеја, која претендира да се укинат пречките за слободна трговија и слободно движење на Западен Балкан, со образложение дека тоа би било губење на енергија, затоа што земјата ги отворила своите граници и ги отстранила трговските бариери за соседите. Останува да видиме во наредната година колку реално ќе биде таква иницијатива, со оглед не малото спротивставување на Мини-Шенгенот и во Албанија.

Балканските држави, всушност, во време на либерализација на трговијата во Европа и во светот, повеќе имаат потреба за намалување до максимум или поставување во минимум на различните бирократски пречки за развојот на претприемништвото и отворање на нови бизниси, за зголемување на конкуренцијата во земјоделството и за поголем извоз на земјоделските производи во ЕУ, зголемувањето на извозот во другите области, за поголемо зајакнување и развојот на сточарството како „кралица“ на аграрниот сектор, каде да спомнуваме, Македонија се уште се храни со месо, млеко или масло од увоз, отколку од домашно производство.

Низ целиот Западен Балкан, можеби даноците се ниски, но разните пред-фискални трошоци, што не се даноци, се пребројуваат во стотици и стотици милиони евра, каде се уште бизнисот се уште има големи поплаки за работата на судството, со преоптоварена администрација што ја држи една уморна економија, каде приватниот сектор е оптоварен со стотици и стотици, честопати, непотребни правилници и закони, со административни пречки.

Сите предлози на малиот Шенген веќе постојат во договорот на ЦЕФТА, или во Регионалната економска област (РЕА) што беше претставена за време на Самитот во Трст во 2017 година, во рамките на берлинскиот процес. Таа од почетокот, беше многу динамична регионална иницијатива, што обезбедува нов импулс и поттик кон перспективата за проширување на ЕУ во целиот регион.

Мини Шенгенот се предвидува и во другите активности, како Советот за Регионална соработка, кој помогна , а почнувајќи од 1 Јули, граѓаните и бизнисите во Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, да плаќаат помалку при користењето на нивните мобилни телефони во регионот. Договорот за роаминг беше уште еден важен сигнал за опиплива регионална соработка и интеграција, заснована врз стручноста и искуството на Европската комисија.

Исто така една таква иницијатива е и Берлинскиот процес. Со средства и самити што се одржуваат секоја година – како Самитот во Познањ, годинава беа усвоени осум нови инфраструктурни проекти во вредност од 700 милиони евра што се одобрени од ЕУ, заедно со 180 милиони грантови.

Останува предизвик за креаторите на политиките во земјава и во регионот да ја градат иднината и повеќе да зборуваат за економски, отколку за политичкиот аспект на евро-интеграциите во регионот. Да се дебатира, разговара и анализира нашироко и без многу дневна политика, но во интерес на земјоделецот и домашните фабрики, отколку за производи од прехранбената индустрија од Северна Македонија, што можат да се најдат на полиците на супермаркетите на сите земји во регионот, и колку производи од прехранбена индустрија од земјите на регионот можат да се најдат во нашите продавници. На пример, колку сирење, млеко, кисела вода, кајмак, разни производи од месо, индустриски ајвар, мармалада и така натаму, произведени во Северна Македонија,можат да ги купуваат потрошувачите во соседните земји, а колку истите производи од соседните земји се нудат во нашите продавници. Тогаш ќе видиме колку ја имаме конкурентна нашата економија во однос на поголемиот дел на земјите во регионот.