Поддршка од Шведска за македонските евроинтеграции

6

Премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен на средбата со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска изразил поддршка за европските интеграции на Македонија. Владината прес – служба соопшти дека тој констатирал дека Македонија направила видлив реформски прогрес во делот на правосудството, борбата против корупцијата, добрососедските односи и дека тоа треба да биде вреднувано со исчекор во евроинтеграциите.

Заев и Шекеринска се заблагодариле за шведската поддршка на демократските и на сите клучни политички процеси во земјава.