Поранешната амбасадорка на САД во Украина тврди дека само ја следела утврдената надворешна политика

23

Поранешната американската амбасадорка во Киев, Мари Јованович, која претходно годинава беше сменета од претседателот Доналд Трамп, во петокот на сослушувањето во истрагата за отповикување на претседателот, рече дека немал никаква политичка агенда во Украина освен „утврдената американска надворешна политика“.

„Мојата агенда беше само да се спроведуваат целите на нашата утврдена надворешна политика“, рече Мари Јованович во првите зборови пред Комитетот за разузнавачки прашања на Претставничкиот дом на почетокот од вториот ден од сослушувањето во истрагата за отповикување на претседателот Доналд Трамп кои се пренесуваат на телевизиите.

Трамп во јули годинава ја опишал Јованович како „лоша вест“ и ја смени, откако ја нападна нејзиниот личен адвокат Руди Џулијани, кој се ангажирал да ги убеди властите во Украина да спроведат две истраги од кои републиканскиот претседател би можел потенцијално да има полза. Џулијани се обидел од издејствува истрага на Џо Бајден, поранешен потпретседател и веројатен демократски провикандидат на Трамп следната година, и неговиот син Хантер Бајден кои работел во украинската енергетска компанија „Bursima“ кој бил истражуван за корупција.

Фокусот на истрагата за отповикување е телефонскиот разговор од 25-ти јули меѓу Трамп и украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој беше избран во мај, да ги отвори истрагите за улогата на Џо Бајден во смената на тогашниот украински јавен обвинител кој го истражувал Хантер Бајден кој од украинската фирма земал месечно 50.000 долари иако ниту бил стручен за Украина, ниту за енергетските прашања.

Истовремено со сведочењето на Јовановил, Трамп со напад е огласи на Twitter. „Секаде каде што ќе мине Мари Јованович работите се вртат на лошо. Почна во Сомалија и гледајте како заврши“, напиша претседателот.

„Овластувањата на претседателот се големи, но не се апсолутни и не може да са користат во коруптивни цели. Американскиот народ очекува од својот претседател да ги користи овластувањата кои му ги дал во служба на нацијата, не да уништува други за да ги исполни своите лични или политички интерси. Јованович служела на нашите национални интереси во борба против корупцијата во Украина, но е сметана за пречка за јакнењето на претседателските лични и политички агенди. Поради тоа е наклеветена и тргната на страна“, изјави демократот Адам Шиф, кој ја води споменатата комисија.

Трамп во разговорот со Зеленски рекол дека Јованович „ќе мине низ некои работи“, според транскриптот од разговорот кој го објави Белата куќа. Притоа Зеленски му рекол на Трамп: „Се согласувам со вас стопроцнетно, дека таа е лош амбасадор“.

Јованович, која работела и за демократската и за републиканската админитрација, истакна дека „корупмираните Украинци нашле слични Американци кои сакат да работата со нив за да ја тргнат од позицијата. Претходно Јованович зад затворени врати пред пратениците на 11-ти октомври, рекла дека Трамп ја сменил врз основа на „неосновани и лажни обвиненија на луѓе со многу проблематични мотиви“. Рекла, исто така, дека Гордон Сандленд, американски амбасадор при ЕУ, наводно ѝ рекол да го искористи Twitter за да му искаже поддршка на Трамп „за да си ја зачува работата“.

За следната седмица предведени се натамошни сослушувања. На листата на оние кои треба да сведочат се Александер Виндемн, функционер на Советот за национална безбедност, помошничката на потпретседателот Мајк Пенс, поранешниот специјален американски претставник за Украина, Курт Вокер, и функционер во Советот за национална безбедност, Тим Морисон. Тое ќе сведочат на 19-ти ноември, а на 20-ти ноември на прашања на пратениците ќе одговора амбасадорот во ЕУ, Гордон Сондленд, заменичката на министерот за одбрана Лаура Купер и заменикот на државниот секретар Дејвид Хејл. Поранешната функционерка на Советот за национална безбеднист, Фиона Хил, ќе даде исказ на 21-ви ноември.