Александар Вучиќ итно примен во болница

4

Српскиот претседател Александар Вучиќ е примен во Воено-медицинската академија во Белград (ВМА) поради кардиоваскуларни проблеми, објави Радио-телевизија Србија, повикувајќи се на извори од канцеларијата на Вучиќ.

Вучиќ, според соопштението, е примен во ВМА во петок, 15 ноември, во доцните попладневни часови.

„Здравствената состојба на претседателот на Србија Александар Вучиќ е стабилна, но заради претпазливост сè уште е на ВМА“, изјави советничката Сузана Васиљевиќ за Танјуг.

Вчера Вучиќ имал серија состаноци во својата канцеларија, вклучително и со европратениците кои учествуваат во вториот круг дијалози на власта и опозицијата за изборните услови.

Околу пладне Вучиќ присуствувал на отворањето на Белградски парк, булеварот Вудро Вилсон и улицата Николај Кравков во склоп на комплексот Белград на вода.