Итен состанок во Апелација: Изјавата на Рускоска е преседан

6

Обвителката Вилма Рускоска вчера најави финансиска контрола кон судиите кој вчера во домашен притвор ја пуштија Катица Јанева.

Денеска во скопска Апелација е најавен итен коегиум по најавите од обвителката Вилма Рускоска дека ќе спроведе финансиска контрола врз судиите кој вчера одлучија да и го уважат барањето на Kатица Jанева, да замине во домашен притвор.

Од Апелација за „Слободен печат“ неофицијално велат дека изјавата на Рускоска е преседан и дека полицијата ќе биде запознаена со заканата од обвинителката упатена до тројцата судии кои одлучувале по барањето на Јанева. За ставот на Апелција по денешниот колегиум, велат од судот, јавноста за брзо време ќе биде запознаена.