Борисов: Вие поткрепите ли Договорот со Бугарија, Мицкоски: Ние поткрепиме (ВИДЕО)

6

„Вие поткрепите ли договорот со Бугарија“, го праша бугарскиот премиер Бојко Борисов по лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на нивната средба во Загреб во рамки на Европската народна партија.

Видеото го објави Борисов на неговиот Фејсбук.

Среща с лидера на ВМРО-ДПМНЕ Християн Мицковски

Publiée par Boyko Borissov sur Mercredi 20 novembre 2019

– Сѐ ушто може да биде позитивно и за двете страни, и за Македонија и за Бугарија, ние „поткрепиме“, тука не треба да има дилеми – му одговара Мицкоски.

А Борисов му вели дека е многу важно да се знае тоа, да се чуе јасно бидејќи не се знае утре кој ќе победи на изборите во С.Македонија.

Мицкоски му одговара „ние знаеме“.

Претходно, лидерот на опозицијата, зборуваше за евроатланските ориентација на ВМРО-ДПМНЕ и набројуваше дека тој се школувал во земји од ЕУ, а меѓународниот сектретар Тимчо Муцунски во Америка, Влатко Ѓорчев, пак, бил женет со Американка итн.