Осуденик во „Диво насеље“ и пратил прислушкувани материјали на обвинителката Фетаи

64

Обвинителката Фатиме Фетаи добила прислушкувани материјали за „Монструм“ од осуденик за случувањата во „Диво насеље“.

Шевчет Халачи осуден за настаните од „Диво Насеље“, комуницирал со обвинителката Фатиме Фетаи на 19 јуни оваа година.

Обвинителката Фетаи на денешната седница за случајот “Монструм“, рече дека со Халачи разговарале на социјалната мрежа whatsapp. Тој преку оваа социјална мрежа на обвинителката Фетаи, и предал прислушкувани материјали што имаат врска со случајот „Монструм“.

Халачи и кажал на Фетаи дека истите материјали му ги предал и на Ел Чека. Шевчет Халачи е осуден на 40 затвор за случајот „Диво насеље“.