Илон Маск повика на бришење на Фејсбук: Мизерен е!

3

Маск, кој е шеф на „Тесла“ и „СпејсИкс“ во 2018 година ги избриша службените профили на своите компании на Фејсбук.

Милијардерот Илон Маск не крие дека не ја поднесува социјалната мрежа Фејсбук. Во својот одговор до актерот и режисер Саша Барон Коен, кој повикал на регулирање на содржината на оваа социјална мрежа, основачот на Тесла напишал: „Избришете го Фејсбук. Мизерен е“.

Барон Коен поставил прашање зошто на извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, му е дозволено „да ги контролира податоците кои ги гледаат 2,5 милијарди луѓе“, кога регулаторните тела не дозволуваат една личност да ги поседува истите права над водата или електричната енергија.

Тој го нападна Закерберг и шефовите на останатите големи технолошки компании дека им е поважна цената на акциите на нивните компании отколку борбата за демократија, како и дека го поддржуваат говорот на омраза и теориите на заговор.

– Фејсбук треба да е регулиран од владите, а не да е воден од император – порачал Коен.

Маск, кој е шеф на „Тесла“ и „СпејсИкс“ во 2018 година ги избриша службените профили на своите компании на Фејсбук. Маск и понатаму ги има своите профили на Инстаграм, иако компанијата е во сопственост на Фејсбук.