Кои се најсигурните, а кои најевтините авиокомпании во светот

6

Безбедноста на авиокомпаниите е многу важна за патниците особено по неколку авионски несреќи во кои загинаа голем број луѓе. Направена е листа на најбезбедните авиокомпании за 2020 година, која може да ви помогне ако се одлучите за некоја од нив за да бидете поопуштени со следниот лет, известува Си-ен-ен.

За најбезбедна авиокомпанија е прогласена австралиската компанија Квантас, која е на прво место седум пати по ред.

Безбедносната листа ја направи веб-страницата Ерлајн рејтингс (АirlineRatings.com), која се занимава со безбедноста и проверките на авиокомпаниите и следи 405 авиокомпании низ светот.

Квантас се наоѓа на прво место на листата од 2014 до 2017 година, а во 2018 година не можеле да се одлучат за победник, па направиле листа од најдобрите 20 компании подредени по азбучен ред, но оваа година австралиската авиокомпанија повторно се врати на врвот.

Еве како изгледа вкупната листа на 20 најсигурни авиокомпании во светот:

1. Квантас

2. Ер Њу Зеланд

3. ЕВА ер

4. Етихад ервејз

5. Катар ервејз

6. Сингапур ерлајнс

7. Емирејтс

8. Алјаска ерлајнс

9. Катај Пацифик

10. Вирџин Австралија

11. Хаваи ерлајнс

12. Вирџин Атлантик

13. ТАП ер Португалија

14. САС

15. Ројал Џордан

16. Свис

17. Финер

18. Луфтханса

19. Ее Лингус

20. КЛМ

Веб-страницата, исто така, направи и листа на најевтини авиокомпании, но се подредени по азбучен ред:

Ер Арабија, Флајби, Фронтиер, ХК експрес, Индигоу, Џетблу, Воларис, Вуелинг, Вестџет и Визер.