Во Шпанија трет ден по ред има повеќе од 800 починати од КОВИД-19

Во последните 24 часа починале 812 луѓе, со што вкупната бројка порасна на 7.340, а има и 6.398 новозаразени. Од досега заразените 85.195, заздравиле над 17.000 луѓе.

9

Во Шпанија трет ден по ред има повеќе од 800 починати од КОВИД-19, додека во земјата почнаа да се применуваат уште порестриктивни мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во последните 24 часа починале 812 луѓе, со што вкупната бројка порасна на 7.340, а има и 6.398 новозаразени. Од досега заразените 85.195, заздравиле над 17.000 луѓе.

Националниот координатор на итни служби Фернандо Симон, кој секој ден ја информираше јавноста за ситуацијата со коронавирусот, исто така имал позитивен тест.

Како дополнителна мерка, шпанскиот премиер Педро Санчес им нареди на сите работници од несуштински области да останат дома во наредните две недели.