Меган и Хари го очекуваат второто бебе?

Војвотката Меган Маркл и принцот Хари најавија повеќемесечно повлекување од јавноста преку својот портпарол.

5

– Војводата и војвотката од Сасекс ќе се фокусираат на своето семејство во текот на следните неколку месеци и ќе продолжат да прават се што е можно со цел сигурно и приватно да дадат поддршка и да работат на своите постоечки обврски за пружање на услуги во заедницата додека ја развиваат својата идна непрофитна организација, гласеше изјавата.

Значи ли тоа дека фокусот на семејството е можеби новото потомство во Сасекс? Сосема можно, како што велат медиумите.

Хари уште минатата година откри дека со Меган посакуваат и второ дете. Паузата на Меган ќе и даде мир и тишина во кои ќе може да ужива во бременоста подалеку од рефлекторите.

На последниот нејзин настап во Лондон, на 9 март, не беше забележана бременоста, но медиумите погодуваат дека се уште станува збор за првите месеци.