Опра Винфри ќе донира 10 милиони долари за борбата со коронавирусот

3

Опра Винфри се приклучи на списокот со славни личности кои даваат лични придонеси за помош во борбата против коронавирусотот.

„Донирам 10 милиони американски долари за да им помогнам на Американците за време на оваа пандемија во градовите во целата земја и во областите каде што пораснав“, објави Винфри.

Нејзината донација вклучува еден милион американски долари за Американскиот фонд за храна.

„Пораснав во Милвоки и сè уште се сеќавам дека понекогаш ни требаше помош од храна за семејството за да преживееме. За време на вакви времиња многу повеќе луѓе се погодени“, рече Винфри.