Пејачката Пинк објави дека е позитивна на коронавирус и најави милионска донација

3

Познатата американска пејачка Пинк објави дека е позитивна на коронавирусот, како и дека ќе донира по 500.000 долари на две служби за итни ситуации.

Пинк во низта на твитови наведе дека таа и нејзиниот тригодишен син ги почувствувале симптомите пред две недели, за потоа да се тестира.

Пејачката истакна дека членовите на нејзиното семејство веќе се во домашна изолација и се негативни на Ковид 19.

Пинк потоа ја искористи приликата да ги критикува властите во однос на распространетоста на тестовите за коронавирус.

„Навистина е лошо што тестовите не се пристапни за сите, а оваа болест е сериозна и реална, луѓето мораат да знаат дека таа напаѓа и млади и стари, здрави и болни, богати и сиромашни. Затоа тестовите мораат да им бидат достапни на пошироката маса, за да ги заштитиме нашите деца, семејства пријатели и заедницата“, истакна Пинк.