Се откажува следното издание на УЕФА Лигата на нации!?

Ќе видиме каква ќе биде одлуката на членовите на УЕФА, но „Дејли Мирор“ смета дека нема да има ништо од втора по ред „Лига на нации“…

5

Европската куќа на фудбалот закажа итна видео конференција со своите членови в понеделник. Главната тема на оваа конференција ќе биде следното издание на Лигата на нации.

Ова информација ја објави „Дејли мирор“, кој дозна дека е време да се зборува за откажување на уште едно УЕФА натпреварување, Лигата на нации. Ве потсетуваме дека Европското првенство веќе е одложено за следното лето 2021.

Главната причина е тесниот распоред што клупскиот фудбал го очекува наесен, така што ќе останат мал број на термини за собирање на националните репрезентации, а можно е и да нема репрезентативен фудбал до крајот на 2020 година, освен, евентуално, бараж натпреварите за пласман на Европското првенство.

Прочитајте и… Голманот на Аталанта конечно го победи коронавирусот
Ќе видиме каква ќе биде одлуката на членовите на УЕФА, но „Дејли Мирор“ смета дека нема да има ништо од втора по ред „Лига на нации“, барем во блиска иднина.

Потсетување дека Македонија (на патот кон СП 2022 Катар) веќе ги доби своите ривали за следното издание во УЕФА Лигата на нации, поточно во Лигата „Ц“ против селекциите на Грузија, Естонија и Ерменија. Според календарот сите шест мечеви треба(ше) да ги одиграме во периодот од 5 септември до 16 ноември годинава.

Успешно го започнавме првото издание на ова натпреварување и се наоѓаме на само две победи од историско учество на следното ЕП. Веќе двапати се одложи дуелот против Косово, наскоро се очекува нов алтернативен датум од страна на европската куќа на фудбалот.