Трамп за тоа кој е виновен за пандемијата: Некој беше глупав

Претседателот на САД повторно коментираше за тоа дека коронавирусот почнал да се шири од Кина во остатокот на светот. Тој истакна дека станува збор за огромна грешка на Кина или некомпетентност.

5

„Коронавирусот можеше да се запре во Кина. Можеше да се запре во самиот извор. Тоа можеше да се стори лесно, но нешто се случи. Станува збор за огромна грешка на Кинезите или некомпетентност. Некој беше глупав и не ја направи работата што требаше да ја направи. Нешто се случи“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

Трамп веќе некое време е на чело на земја која е епицентарот на пандемијата. Америка има регистрирано повеќе од 76.000 смртни случаи до денес, а наскоро ќе надмине 1,3 милиони заболени.