Брошура за превенција на бремените жени во услови на пандемија со Ковид-19

7

Министерството за здравство, во соработка со УНФПА и ХЕРА изготви препораки и брошура наменета за трудници со совети за одржување на своето здравје и превенција од овој вирус – кои се симптомите на коронавирусот, што доколку се заразат со Ковид-19, дали трудниците се во поголем ризик од останатите, дали вирусот може да се пренесе на нивното бебе и други корисни информации.

Изготвени се и нови препораки наменети за здравствените работници за постапување со бремени пациентки за време на пандемијата со Ковид-19, со цел нивно правилно информирање и соодветно следење во текот на бременоста, како и во постпарталниот период.

Повеќе информации може да добиете на следните линкови:

– Брошура за бремени жени и коронавирус
македонски јазик – http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/05/3.-MKD-Broshura-za-bremeni-zheni-2020.pdf и албански јазик – http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/05/4.-ALB-Broshura-za-bremeni-zheni-.pdf

– КОВИД-19 и бременост
македонски јазик – http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/05/1.-MKD-Vremeni-preporaki-05.2020.pdf
албански јазик – http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/05/2.-ALB-Vremeni-preporaki-2020.pdf