Србија: За сто евра помош, за само еден ден, се пријавија два милиона граѓани

Во соседна Србија вчера (среда, 13 мај) започна пријавувањето за сто евра помош од државата и за само неколку часа тоа го сторија два милиона граѓани. Информацијата ја соопшти српскиот министер за финансии Синиша Мали.

11

Станува збор за антикризна мерка на српските власти, а право да ја користат имаат сите полнолетни граѓани на Србија, со важечка лична карта и живеалиште во земјата. Пријавувањето се одвива електронски преку Управата за трезор.

Пријавувањето ќе трае до 5 јуни, а исплатата ќе се одвива сукцесивно на секои пет дена. Пензионерите и граѓаните што примаат социјална помош не треба да се пријавуваат – тие помошта ќе ја добијат автоматски.