На 21 јуни: Празник на музиката со онлајн концерти

5

Светскиот ден на музиката кој се поклопува и со првиот ден на летото, и годинава ќе се одбележи на 21 јуни, но во поинакви услови.

Како што велат организаторите на настанот по овој повод, Францускиот институт во Скопје, Француските алијанси во Тетово и во Битола и Дирекцијата за култура и уметност Скопје, нема ништо поубаво од музиката за почетокот на летото, па затоа предлагаат музичка средба в недела, 21 јуни, која поради состојбата со пандемијата ќе може да се проследи од дома на фејсбук-страницата на „Скопско лето“.

Во рамките на овој Празник на музиката, ќе можат да се слушнат фракофонски песни во изведба на Фолтин, концерт на Тома Дитрон и композицијата „Кога го бркаме волкот“ на младиот композитор Ерван Шандон, во изведба на музичкиот оркестар ФАМЕ’С.