Писмо од Ван Гог и Гоген продадено за 210.000 евра

Писмото, напишано од Винсент ван Гог и Пол Гоген, во кое се опишани посети на бордели и се зборува за иднината на уметноста, беше продадено на аукција за 210.000 евра.

4

Писмото беше купено во Париз од фондацијата „Винсент ван Гог“ и ќе биде изложено во нејзиниот музеј во Амстердам. Уметниците ова писмо му го напишале на францускиот сликар Емил Бернард кон крајот на 1888 година за време на престојот во францускиот град Арл, каде што фондацијата има и музеј.

Писмото, напишано една недела откако Французинот Гоген му се придружил на Холанѓанецот Ван Гог во неговиот дом во Арл, му раскажува на Бернард за нивните дискусии за уметноста и нивната работа.
КУЛТУРАПисмо од Ван Гог и Гоген продадено за 210.000 евраОбјавено пред 4 часа – 19 јуни, 2020Од Макфакс

Писмото, напишано од Винсент ван Гог и Пол Гоген, во кое се опишани посети на бордели и се зборува за иднината на уметноста, беше продадено на аукција за 210.000 евра.

Писмото беше купено во Париз од фондацијата „Винсент ван Гог“ и ќе биде изложено во нејзиниот музеј во Амстердам. Уметниците ова писмо му го напишале на францускиот сликар Емил Бернард кон крајот на 1888 година за време на престојот во францускиот град Арл, каде што фондацијата има и музеј.

Писмото, напишано една недела откако Французинот Гоген му се придружил на Холанѓанецот Ван Гог во неговиот дом во Арл, му раскажува на Бернард за нивните дискусии за уметноста и нивната работа.

„Сега нешто што ќе те интересира – посетивме некои бордели и веројатно ќе бидеме таму често за да работиме“, се вели во писмото.

„Гоген моментно работи на платно во истиот ноќен клуб што го насликав, но со ликови што се гледаат во борделите. Тоа би можело да биде прекрасна работа “.

Ван Гог го опишува Гоген во писмото како „нерасипано суштество со инстинкти на дива ѕверка. Кај Гоген, крвта и сексот преовладуваат над амбицијата. Гоген минал околу два месеца со Ван Гог во Арл, но нивниот однос се влошил. Тој заминал откако Ван Гог доживеал нервен слом и си го отсекол дел од увото.