Вархеи: ЕУ е подготвена да и помогне на Србија брзо да напредува на европскиот пат

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи изјави дека Европска Унија е подготвена да и помогне на Србија брзо да напредува на патот кон ЕУ и да го поддржи нејзиното економско опоравување по кризата со Ковид-19.

11

– Важен ден за Србија со парламентарните и локалните избори. Со нетрпение ја чекаме новата влада да работиме на реформите поврзани со ЕУ, напиша Вархеи на Твитер.

Тоа е првата негова реакција на вчерашните парламентарни избори во Србија, на кои убедливо победи Српска напредна партија (СНС) на актуелниот српски претседател Александар Вучиќ.