Најголем скок: Во светот за 24 часа 183.000 новозаразени од вирусот

Светската здравствена организација во текот на вчерашниот ден забележа најголем скок на бројот на заразени од коронавирус во текот на едно деноноќие.

39

Вкупно 183.000 луѓе вчера добиле позитивен резултат од тестирање на коронавирусот, пренесе AP. Енормно зголемениот број на случаи покажува дека епидемијата на вирусот го забрзува ширењето.

Само во Бразил, епицентарот на пандемијата во јужната хемисфера, се пријавени повеќе од 54.700 нови случаи, САД пријавиле повеќе од 36.600, додека во Индија има 15.400 нови случаи во еден ден.

Моментално, во светот има над 8,7 милиони позитивни случаи. Од болеста COVID-19 починаа 461.000 луѓе, а две третини од новопријавените смртни случаи се во Северна и во Јужна Америка.