Националните установи до 1 август ќе ја доставуваат нацрт-програмата до Министерството за култура

16

Културата е поврзана со публиката. Владата донесе Уредба со законска сила, за примена на Законот за култура за време на вонредна состојба, со цел, наместо рокот за донесување на нацрт-годишните програми за работа на националните установи од областа на културата за 2021 година да биде до крајот на јуни, тој се пролонгира до 1 август, оваа година. Ова е добра вест за сите установи, бидејќи добиваме време. Направивме предлог протокол за реализација на проектите и тој протокол е пратен во Институот за јавно здравје. Во исчекување сме на одговор, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Афет Јашари, координатор за програми во Министерството за култура.

-Имаше повик од страна на Министерството сите работници кои сакаат да се откажат од проектите вон националните установи да добијат 14.500 денари, но многу е мал бројот кој се откажал од таквите проекти. Затоа моравме да го продолжиме рокот за да може да се реализираат овие проекти.

Здравјето е пред се. Цело време ги следиме светските културни институции, па и ние сакаме на сличен начин да ги отвараме оние отворени простории, библиотеки, музеи… Чекаме зелено светло од Институтот за јавно здравје, за наредниот месец да почнеме со нивно отворање, истакна Јашари.