Се ожени Маријан Стојаноски, наскоро ќе стане и татко

16

Македонскиот пејач Маријан Стојаноски вчера се ожени со својата долгогодишна девојка, охриѓанката Наташа Каранџулоска.

Откако во декември минатата година се свршија, Маријан и Наташа љубовта ја крунисаа со граѓански брак.

Убавата веста, сопругата на Маријан ја објави на социјалните мрежи, а парот откри и дека го очекува првото дете.

-Фамилија Стојаноски, напиша Наташа под фотографиите на кои се гледа трудничкото стомаче.