Гена Теодосиевска реизбрана за директорка на „Браќа Манаки“, фестивалот ќе се одбележи, но нема да се одржи на …

0

Директорката од изминативе две години на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ Гена Теодосиевска е реизбрана на функцијата, и доби мандат за уште две години, соопшти Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ).

Претседателот на ДФРМ, режисерот Игор Иванов-Изи за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека Собранието не е овластено да бира селектор, туку според Статутот на ДФРМ, селектор, еден или два, бира Управниот одбор заедно со директорот на фестивалот, што подразбира дека таа одлука ќе се донесе дополнително.

На вчерашното собрание, филмаџиите едногласно одлучиле дека годинава фестивалот нема да може да има традиционално издание со гости и со програма како изминатите 40 негови изданија, откако големи филмски фестивали од А категорија како Кан, Карлови Вари, Локарно и други беа откажани, како и со оглед на објективните состојби и последици предизвикани од пандемијата на коронавирусот.

„Она за што се согласни филмските работници е дека формата на одбележување на овогодинешното издание на фестивалот ‘Браќа Манаки’, треба да кореспондира со вредноста на фестивалот и заради тоа ќе се вложи креативна енергија и напор истата да се зачува. Останува староновиот директор на фестивалот заедно со ДФРМ да изнајдат начин за достоинствено одбележување на 41.то издание на ‘Браќа Манаки’, кој е наш најголем и најзначаен филмски фестивал, како иможноста за инволвираност на неговиот домаќин во ‘новото нормално’, градот Битола“, вели Друштвото, кое годинава слави 70 години од своето постоење.