Меган Фокс се разведува

0

Меган Фокс се разведува од Брајан Остин Грин по 16 години заедничка среќа.

Меган Фокс и Брајан Остин Грин се запознале и се вљубиле во 2004 година, а се венчале во 2010 година и во бракот добиле три сина. Двојката секогаш изгледаше заљубено и среќно, но се чини дека не им било судено да стареат заедно.

Пред некое време се појавија шпекулации дека таа е во врска со еден млад рапер. Како што во тоа време пишуваа медиумите, актерката најверојатно се однесувала „чудно“ затоа што за време на снимањето на нејзиниот нов филм „Midnight In The Switchgrass“, таа се запознала со раперот Машин Ган Кели, во чие видео и се појави. Овој пат тие повторни беа видени заедно во јавноста.