Спасовски: Ние ги насочуваме парите кон граѓаните, а режимската власт на ВМРО-ДПМНЕ ги крадеше за свои џебови!

2

Премиерот Оливер Спасовски вети голема помош за земјоделците од кумановскиот регион. Како што истакна тој, грижата за земјоделците продолжува уште повеќе.

„Бесплатна зелена нафта за сите земјоделци до крајот на мандатот и двојно повеќе пари за повратот на персоналниот данок со новата развојна економија, Старо Нагоричане знае дека ние се грижиме и за селата и за градовите.

Од каде пари? – Ние ги насочуваме парите кон граѓаните, а режимската власт на ВМРО-ДПМНЕ ги крадеше за своите џебови и знаете дека ве уценуваа и ви се закануваа за исплата државни пари што ви следуваат“, напиша Спасовски на својот профил.