Што да му кажете на дете кое есенва треба да тргне во градинка? Совети од психолог за детски развој

0

Малите деца напредуваат кога околностите во кои живеат се безбедни, стабилни и предвидливи. Потребно им е време да се приспособат на промени, но сега, во ек на пандемија, тоа е невозможно. Никој не знае со што ќе се соочуваме оваа есен. Време е да размислите што ќе му кажете на вашето дете за да биде подготвено колку што е можно повеќе.

Прашав две петгодишни деца што треба да им кажат родителите на децата за градинката. Овие двајца – момче и девојче – беа несреќни што нивниот престој во градинка се прекинал во март и многу се радуваа што во септември ќе се вратат на училиште. Знаат сè за коронавирусот, но сè уште не сфаќаат дека училиштата можеби нема да се отворат наесен, па нивните идеи за на училиште се вообичаени, а тоа е веројатно најдобрата појдовна точка за вас во однос на подготовката за есента.

1. Уверување

„Нема за што да се грижиш“ е одговорот кој треба родителите да им го дадат на децата пред да тргнат во градинка. Тоа покажува дека децата, како и возрасните, се загрижени пред непознатото. Вреднувајте ги грижите на детето што може да се предвидат. Направете простор за детето да ги изрази. Нека биде сигурно дека вие ќе му помогнете ако е потребно.

2. Охрабрување

„Забавно е!“ Децата се сеќаваат на сите забавни моменти во градинка. Игри, активности, приказни. Кажете му на детето за богатата средина во која ќе функционира, дека градинката е место преполно со активности и можности, како и дека воспитувачите ќе сакаат детето да напредува.

3. Уште повеќе охрабрување

„И ќе научиш многу работи!“. Букви, бројки, форми, песнички… Зборувајте му на детето за светот на учењето кој постепено ќе се отвора за него. Децата ќе имаат можност за нови сознанија во градинка.

4. Искреност

Кажете му на детето дека поради коронавирусот, никој не знае како ќе изгледа образованието од септември. Малку е веројатно дека дотогаш ќе има вакцина, па некои семејства ќе ги остават децата дома. Учениците можеби ќе одат на настава еден или два дена во неделата, или часовите ќе се држат на отворено. Никој не знае што ќе донесе септември.

5. Уште повеќе искреност

Зборувајте со детето за мерките на заштита што може да ги види во училницата. Може да им се мери телесната температура на дневна основа, да се одржува физичка дистанца, да се носи маска и често да се мијат и дезинфицираат рацете и површините. Можно е да влезат во училница во која клупите ќе бидат оддалечени, или ќе бидат поделени во помали групи. Можно е да имаат рестрикции во однос на играњето и слично.

6. Отвореност во разговорите

Бидете топли и самоуверени кога зборувате со вашето дете за оваа ситуација. Ако има прашања, размислете што ќе му одговорите. Кажете му дека очекувате прашања од негова страна и дека секогаш ви е драго што можете да разговарате. Уверете го детето дека сте тука за да се осигурите дека сè ќе биде како што треба.

7. Уште повеќе уверување

Кажете му на детето дека ќе се потрудите тоа да биде здраво и среќно и да добие добро образование. Без разлика дали образовниот процес ќе се нормализира, вие ќе се потрудите детето да учи и да биде подготвено за на училиште.