Најбогатиот човек на планетата го зголеми богатството во коронакризата

20

Нето вредноста на сопственоста на основачот на „Amazon“, Џеф Безос, достигна нова рекордна вредност од 171,6 милијарди долари, по растот на акциите на неговата компанија поради преминот на милиони потрошувачи на е-трговијата во текот на коронакризата, објави агенцијата Bloomberg.

Акциите на „Amazon“ пораснаа во средата за 4,4 отсто, на рекордни 2.878,70 долари, зголемувајќи го богатството на својот основачи на 171,6 милијарди долари. Тоа е повеќе од досегашните рекордни 167,7 милијарди долари од септември 2018 година, според индексот на милијардерите кои ги прави Bloomberg News.

Приходите на Безос од 56,7 милијарди долари само годинава, истакнувајќи го растечкиот јаз меѓу богатите и милионите луѓе во светот кои ги губат работните места поради најголемиот економски пад од Големата депресија.

Од „Amazon“ кој има јасна полза од преминување на потрошувачите на онлајн тргувањето во текот на пандемијата од коронавирусот, одбиле да го коментираат зголемувањето на богатството на Безос.

Повеќето милијардери со рецентно најголемите добивки, исто така, се дел од технолошкиот сектор. Меѓу нив се извршниот директот на „Tesla“, Илон Маск, кој на своето богатство од 1-ви јануари годинава додал 28,8 милијарди долари, како и основачот на компанијата „Zoom Video Communications“, Ерик Јуан, чиешто богатство во истиот период се удвоило, на 13,1 милијарди долари.

Вкупниот капитал на Мекензи Безос, која по разводот од Џеф Безос стекна четири отсто од уделите во „Amazon“, се проценува на 56,9 милијарди долари.

Меѓутоа, како што забележува Bloomberg, не сите милијардери годинава ги зголемиле своите салда. Така, Аманскиот Ортега, сопсвеник на модниот бренд „Zara“ загубил 19,2 милијарди долари, претседателот на фондот „Berkshire Hathaway“, Ворен Бафет, останал „покус“ за 19 милијарди долари, а челникот на француската компанија „Louis Vuitton Moët Hennessy“, Бернар Арно, според најновата процена на Bloomberg Billionaires Index, загубил 17,6 милијарди долари.

Меѓутоа, повеќето најбогати луѓе на светот го преживаел овој пад, па вкупната нето вредност на сопственостите на 500-те најбогати луѓе на светот сега изнесува 5,93 билиони долари, во споредба со 5,91 билиони долари на почетокот од годинава, според истиот извор.