Пропаднаа надежите за посета на грчките плажи

3

Пропаднаа надежите за посета на грчките плажи, откако вчера Грција донесе одлука да не ги отвори границите со соседите.

До 15 август нема патување во Грција.

Грција ја продолжи забраната за воздушни и морски врски со Северна Македонија, Турција и Албанија до 15 август, објави грчкиот заменик министер за цивилна заштита, Никос Хардаљас.

Грчката Влада презема дополнителни мерки како задолжително носење на маска во затворени простори, забрана за посети во домови за стари лица и болници, најмногу 100 лица на свадби, на крштевки и на погреби, забрана за одржување на панаѓури, забрана за стоење во ноќните клубови, јави дописничката на МИА од Атина.

Македонските граѓани претходните години беа чести гости во Грција.

Сега пандемијата ги поремети плановите, и за Македонците остануваа опцијата да летуваат во Албанија или Турција.

Во Грција 206 луѓе починаа од вирусот, а заразени се 4.400.