Убиство во Скопје: Го ликвидирале пред очите на сопругата

1.653

Пред полноќ имало пријави за пукотници во скопско Инџиково.

Според првични информации околу 23 часот две непознати лица маскирани со фантомки вооружени со пиштол влегле во ходникот од куќата на 49-годишниот И.А од Инџиково, кој бил во куќата со сопругата и истите ги легнале во ходникот, во другата соба имало роднини, пишува алсат-м.

Вооружените лица им побарале пари, откако И.А им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелал од пиштол према И.А и го погодил во пределот на главата, по што заминале во непознат правец. Од страна на доктор од брза помош констатирана е смрт на И.А.