Меџити за Плусинфо: Не барам да бидам вицепремиер, не барам за мене

1.081

Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити за Плусинфо потврди дека тој нема аспирации за фотелјата на прв вицепремиер и министер за политички систем. Меџити не открива кој од предложените министри му е трн во око, поради што го условува гласањето за новата влада.

– Не барам да бидам вицепремиер, не барам за мене – ни одговори Меџити.

Плусинфо веќе објави дека Меџити ќе биде координатор на пратеничката група на ДУИ и дека не е проблем поддршката за Талат Џафери за избор за претседател на Собранието.

Но, од одговорот на Меџити нема потврда дали сѐ уште траат убедувањата меѓу него и лидерот на ДУИ Али Ахмети тој да гласа за новата влада или веќе се договориле. Оттука нејасно е дали ќе има смена на некој од предложените кадри за министрите од ДУИ. Се шпекулираше со имињата на Артан Груби како прв вицепремиер и на Бујар Османи како министер за надворешни работи. Доколку нема договор виси изборот на новата влада.

вицепремиермеџитине бара