Од денес ова е најбогатиот Кинез

8

Постојаниот раст на акциите на две кинески компании го доведе нивниот сопственик на врвот на кинеската листа на богати. Во четвртокот, богатството на основачот на компанијата „Nongfu Spring“, Зонг Шаншан, изнесуваше 57,2 милијарди долари.

Со тоа тој ги надмина основачите на „Тенсент“ Пони Ма и на „Алибаба“ Џек Ма, чии средства вредат 56,3 милијарди и 50,4 милијарди долари, според „Форбс“.

Најбогатиот Кинез сега е и 17-та најбогата личност во светот.

Зонг е сопственик на 84,4 проценти од компанијата „Nongfu Spring“, која се занимава со производство на вода во шишиња и пијалоци.

Компанијата собра значителни средства кога излезе на берза на почетокот на овој месец.

Зонг има и контролен удел во „Wantai Biological“, фармацевтска компанија која развива вакцина за Ковид-19, пренесе Банкар.ме.