Курц : До следното лето ќе се вратиме во нормала

11

Австрискиот канцелар Себастијан Курц верува дека вакцината против вирусот корона ќе биде достапна во првата половина на следната година.

„До следното лето, од денешна гледна точка, можеме да се вратиме во нормала“, рече Курц во изјавата за австрискиот јавен сервис ОРФ.

Во случај на полициски час и целосно заклучување или ситуација слична на заклучување,

Канцеларот Курц смета дека во Австрија ќе се следи ситуацијата и ако е потребно ќе се воведат и поригорозни мерки , како полициски час.

Тој посочи дека има многу земји со значително поголем број на заразени лица, каде училиштата и рестораните се повторно затворени и воведена е забрана за излегување.

„Сакаме да го спречиме тоа во Австрија, ако е можно“, рече Курц.