Во Скопје казнети 509 возачи, од нив 66 за технички неисправни возила

1

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје во изрече вкупно 509 казни.

Од вкупниот број казни 75 се за пречекорување на дозволената брзина на движење, 66 за технички неисправни возила, 41 за некористење на сигурносен појас, 91 за непрописно паркирање, 74 возила се подигнати со специјално возило „пајак“ и 44 казни за неносење на заштитна маска.

Од МВР потсетуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.