Сосема неочекувано: Четири нови потписи во Барселона, но го нема оној најважниот

8

Барселона објави дека синоќа биле потпишани нови договори со четворица фудбалери.

Нови договори со Каталонците потпишаа Жерар Пике, Марк Андре Тер Штеген, Клемон Ленгле и Френки де Јонг. Ретко се случува големите клубови како Барса за една вечер да објават вака четири големи потписи одеднаш, но Каталонците очигледно се решени по победата над Ференцварош од 5:1 дополнително да ги израдуваат навивачите. Барем делумно.

Сега само Лионел Меси и Рики Пуџ се единствените играчи чии договори истекуваат следното лето.

Пике потпиша договор до 2024 година, Тер Штеген до 2025, а Ленгле и Де Јонг до 2026. Сето тоа е официјално.

Иако во претходниот период имаше доста полемики меѓу некои играчи од оваа листа и управата на Барселона, на крајот дојде до договор.

Самиот клуб истакна дека на сето ова претходело бројно договарање и преговарање, дека тоа траело со неели, особено кога станува збор за платите, а ако се чита меѓу редови, значи дека играчите прифатиле намалување на нивните примања. Се споменуваше и намалување до 30 проценти.

Жерар Пике го продолжи договорот до 2024 година и откупната клаузула му е 500.000.000 евра. Ова му е 13. сезона во првиот тим на Барса и до сега има одиграно дури 548 меча. Тер Штеген потпиша до 2025 и откупната клаузула му е 500.000.000 евра.

Ленгле потпиша до 2026 и откупната клаузула му е 300.000.000. Досега има одиграно 89 меча за Барса.

Френки де Јонг потпиша до 2026 година и откупната клаузула му е 400.000.000 евра.

Барселона за долги патеки ги сочува играчите за кои мисли дека можат да бидат темел на тимот во следните години, а тие очигледно, прифатиле малку да ја корегираат заработувачката и да прифатат дел од товарот кој го носи целата оваа ситуација со коронавирусот.

Четири потписи, но го нема оној најважниот.

Можеби на крајот најголемо изненадување е продолжувањето на договорот на Де Јонг кој веќе имаше договор до 2024, но… Не сакаше Барса ништо да остава на случајот. Сега и тој е „запечатен“ со голема откупна клаузула.