Мијалков стигнал до Белград, па по договор со Заев се вратил

1.295

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград, но се вратил назад во Скопје откако бил постигнат директен договор со премиерот Зоран Заев, тврдат извори од ВМРО-ДПМНЕ.

Мијалков избега во неделата, односно тогаш полицијата не успеа да го најде за да оди во куќен притвор, а преговорите со власта наводно почнале во понеделникот, откако меѓународната заедница извршила силен притисок врз Заев да се најде начин бегалецот до четврток да се врати во земјава. Но засега никој не знае што точно се договориле Мијалков и Заев.

Според неофицијалните информации, причината за бегството била казната од 13 години што планирале да ја побараат обвинителите в петок кога е пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“ и која наводно требало да ги опфати сите дела, вклучувајќи и она што требало да застари.

Изворите од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека договорот меѓу Мијалков и власта бил казната да биде пет години, по што би следувале жалби, па Апелација, па назад…