Халанд ќе потпише за клубот што ќе му плаќа – милион евра неделно!

6

Норвешкото чудо од напаѓач, Ерлинг Халанд, речиси сигурно ќе биде најжешката „роба“ на фудбалскиот пазар следното лето, поради што „аукцијата“ за неговиот потпис е веќе почната.

Огромен број великани го посакуваат во своите редови, но прашање е кој од нив ќе може финансиски да ги издржи неговите и барањата на неговиот менаџер, Мино Рајола. Неофицијално, Халанд мора да има неделна плата од најмалку милион евра, со што ќе стане првиот фудбалер во историјата што ќе заработува толку многу само од играње фудбал.

Засега е познато и дека Борусија Дортмунд нема да го пушти за помалку од 150 милиони евра, а засега останува енигма колкава би била провизијата за Рајола и за таткото на Ерлинг. Кога ќе се знае сето ова, станува јасно дека единствени што во моментов би можеле да бидат во игра за ангажман на Халад се ПСЖ и Манчестер Сити, со оглед на нивните (пре)богати арапски газди.