Борисов: Ќе предложам друг кандидат за премиер

20

Бугарскиот премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов ќе предложи друг кандидат за претседател на владата по парламентарните избори во Бугарија. Ова тој самиот го изјави за време на неговата посета на Велико Трново.

– Јас нема да бидам премиер. Ќе номинирам друг премиер со голема европска, НАТО ориентација, додаде тој. Звучи нескромно, но нема поподготвен од мене. Не случајно ние сме првата политичка сила. Многу луѓе сакаат да бидам јас, но јас отсекогаш верував дека единството ја прави силата. Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет, што ќе го предложи ГЕРБ. Ќе биде номиниран друг кандидат, рече Борисов.

Сепак, тој одби да одговори на новинарско прашање чија кандидатура ќе биде предложена и додаде дека нема да даде коментар пред одлуката на извршниот совет на ГЕРБ.

– Според Уставот, имаме една недела да одржиме консултации, додаде тој и категорично изјави дека не се плаши доколку треба да има привремена влада: