Матеус: Флик последен пат го водеше тимот во ЛШ, Баерн почна да преговара со неговиот наследник!

4

Лотар Матеус како стручен аналитичар на „Скај“ меѓу првите го откри конфликтот меѓу Ханс Дитер Флик и Хасан Салихамиџиќ, а сега тој и официјално е првиот кој навести огромна промена во германскиот шампион по болната елиминација во Лигата на шампионите.

Баерн Минхен оствари пирова победа во Париз од 0:1 и со вкупни 3:3 претрпе елиминација во четвртфиналето во најелитното натпреварување, средба за која легендарниот Матеус вели дека е последна за Ханси Флик како тренер на Баерн во фудбалска Европа.

– Убеден сум дека Ханси Флик го имаше својот последен меч во Лигата на шампионите како тренер на Баерн. Сигурен сум дека нема да биде тренер на Баер по крајот на сезоната. Понудата од Германската Федерација ја има на маса, никој не може да ме разубеди дека веќе не зборувале едни со други. Се познаваат премногу добро и Ханси е на самиот врв на листата на Германската Федерација, – порача Матеус.

Легендарниот Германецот кој беше избран за најдобар играч во светот во 1991-ва година будно ги следи случувањата во својот омилен клуб, за кој открива дека веќе почнал преговори и со наследникот на Флик.

– Баерн Минхен веќе имаше мали преговори со Нагелсман. Остварен е контакт и од тоа што го знам, зборувано е и за финансискиот дел од договорот. Тоа е она што го дознав, – открива Матеус по мечот во Париз.