Приведенo 29-годишно лице од Арачиново барано со три централни потерници

2

На 13.04.2021 во 15.20 часот на ул.„Бoца Ивановска” во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода Ќ.А.(29) од с.Арачиново, скопско, за кого биле распишани три Централни потерници од МВР на Република Северна Македонија.

Тој бил баран по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Скопје, во врска со член 392 од Кривичниот законик за бегство од затвор за доиздржување казна затвор, по наредба на Основно јавно обвинителство за издржување притвор во врска со член 418 од Кривичниот законик, по наредба на Основен кривичен Суд Скопје, во врска со член 297 од Кривичниот законик и еден Централен распис од МВР во врска со член 372 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.