Фитнес-центар во Карпош работел и покрај актуелната забрана

6

Полициски службеници од станицата во Карпош, вчера, по претходна пријава, упаднале во фитнес-клуб на бул. „Партизански одреди“, каде што затекнале дека објектот работи, а внатре биле сопственикот и уште шест лица.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Со новите мерки на ограничување, кои се во сила од 6 април и ќе траат до 20 април, забрана за работа имаат и фитнес-центрите и спортските сали за вежбање.