Шок за македонскиот фудбал: На 46 години почина поранешниот репрезентативен голман Гоце Груевски

6

Македонската фудбалска јавност остана шокирана утрово по веста за смртта на поранешниот репрезентативен голман Гоце Груевски кој почина во Австралија на само 46 години.

Груевски добро ќе остане запаметен како еден од најдобрите голмани во историјата на македонскиот фудбал. Во својата фудбалска кариера беше член на прилепска Победа, Слога Југомагнат, Работнички, Беласица и Вардар, а кариерата ја заврши во австралиски Престон каде потоа остана да работи како тренер на голманите, се до неочекуваната смрт.

Австралискиот клуб со жалење и преку социјалните мрежи се збогуваше од Гоце Груевски кој ќе остане запаметен и по настапите во националниот тим на Македонија.