Заев ги повика граѓаните да ги избегнуваат толпите за време на дочекот на Христовото воскресение

4

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција уште еднаш апелираше да се почитуваат препораките на надлежните институции во пресрет на велигденските празници.

Тој рече дека веќе е разговарано и со претставниците на верските заедници кои се обврзале дека ќе внимаваат на мерките заради заштита на населението.

– Да запалиме свеќичка пред нашата зграда, пред нашата куќа. Како претседател на владата апелирам прв приоритет да биде да се тргнеме од толпата, да го искористиме просторот на отворено и да избегнеме групирање – рече Заев.

За себе информираше дека престојните велигденски празници ќе ги помине во кругот на своето семејство, а Велигден ќе го дочека во својот дом.

– Ќе бидам дома во Струмица, на прошетка на ридовите, струмичкиот парк и својот двор. Ќе организирам и крводарителска акција во Струмица, рече Заев.