Мбапе е нова „жртва“ на генијалноста на Пеп Гвардиола

6

ПСЖ, за разлика од првите натпревари во осминафиналето и четвртфиналето во Лигата на шампионите, на реванш дуелот од полуфиналето влегува со резултатски заостаток.

Французите на домашен терен загубија од Манчестер сити со 1-2, а една од причините е невидливоста на најдобрите фудбалери на ПСЖ, Килијан Мбапе и Нејмар. Посебно тоа се однесува на Мбапе.

И синоќа дојде до израз генијалноста на Пеп Гвардиола кој го направи Мбапе тотално невидлив, за што најдобро зборува и статистиката. Откако игра во Лигата на шампионите, за Мбапе дуелот против Сити е прв на кој не успеал да упати ниту еден единствен удар кон противничкиот гол а кога бил стартер.

Интересно, синоќа и голманот на Манчестер сити, Едерсон имал повеќе допири со топката откако најголемата ѕвезда на ПСЖ.