Може ли да им се случи малер: ПСЖ без најдобриот во реваншот против Сити?!

3

Првата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Килиан Мбапе, би можел да го пропушти вечерашниот реванш на „Етихад“ против Сити во полуфиналето, што за „светците“ би била огромна штета и несреќа.

Францускиот напаѓач го пропушти саботниот меч од француското првенство против тимот на Ленс, бидејки влече повреда од претходно.

За неговата ситуација, прокоментира тренерот на тимот, Маурисио Покетино;

„Мбапе отпатува со тимот за Манчестер, ќе одработи сигурно индивидуален тренинг, со цел да можеме да процениме каква е неговата ситуација“, порача Покетино.

Дуелот е вечерва, а доколку Мбапе навистина не би можел да настапи, тоа ќе биде огромен минус за ПСЖ и шанса помалку да се обидат да направат пресврт и да дојдат до ново ЛШ финале.