Шпанците се бесни: Казнете го Меси!

5

Лионел Меси во текот на вчерашниот ден организираше забава за фудбалерите на Барселона, како еден вид на „тим-билдинг“ за подобрување на атмосферата во тимот пред клучниот дел од сезоната. Сепак, ова наиде на осуда кај голем дел од шпанската јавност бидејќи Аргентинецот прекршил неколку од анти-ковид правила кои важат во оваа земја, па сега се погласно се бара Меси да биде казнет.

На забавата покрај фудбалерите присуствувале и нивните сопруги и девојки, па јасно е дека бројката на присутни била далеку над оние шест (од различни семејства) пропишани со последните епидемиолошки мерки кои се на сила до 8 мај.

„Со тоа станува збор за потенцијален ризик за ширење од собир од 15 до 150 лица, што е казниво со шпанскиот закон“, пишуваат медиумите.

Челниците на Шпанската Фудбалска Лига го осудија однесувањето на фудбалерите на Барселона. Интересно, минатата седмица нешто слично направија и играчите на Атлетико Мадрид, но со една важна разлика.

„Фудбалерите на Атлетико го известија клубот, а веднаш потоа и лигата за бројот на учесници на собирот, каде ќе се одржи истиот, што ќе се прави и ги почитуваа сите мерки. За забавата на Барселона дознавме од медиумите и тоа не е добро. Ќе следи истрага“, изјави член на Шпанската Фудбалска Лига.