ВМРО-ДПМНЕ: Новиот Клинички на Филипче и Заев е голема кражба

3

ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар но само со изготвен проект. ВМРО-ДПМНЕ е против изградба на Клинички центар кој што се темели на физибилити студија која што брои 35 страни, во која што нема јасно детектирани проекти.

Време е власта да седне и да изработи проект за нов Клинички центар па потоа да се дискутира за заем за реализација на ваков капитален проект.

Имено, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на последната средба со Зоран Заев даде конструктивно предлог решение кое ќе значи комплетно реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” кое би чинело околу 100 милиони евра како и изградба на Ургентен Клинички центар кој би бил наспроти приватната болница „Жан Митрев” и со кој би се поврзале Поликлиниката „Букурешт” и ГОБ „8-ми Септември” и исто така изградба на уште три Универзитетски клинички болници во Тетово, Штип и Битола кои би чинеле по десетина милиони евра.

Време е СДСМ да започне да работи во корист на граѓаните, а не во корист на криминалците. Секојдневните невистини кои што се пласираат од страна на СДСМ одат на штета на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.