Премиерот Заев денеска ќе прими вакцина против ковид-19

6

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се вакцинира против коронавирусот, најавуваат од владината прес служба.

Од таму велат дека вакцинацијата ќе се одржи на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“, а по тоа предвидена е и изјава за медиумите.