Јокиќ ја разочара Србија, нема да игра за репрезентацијата

15

Утринава Никола Јокиќ соопшти вест која не сакаше да ја слушне српската јавност, тој летово нема да игра за репрезентацијата на Србија која брка пласман за Олимписките игри.

Најдобриот играч во НБА оваа сезона, Никола Јокиќ вели дека му е потребен одмор и нема да може да ги прифати репрезентативните обврски за Србија. Центарот на Денвер ги одигра сите натпревари во НБА оваа сезона и клубот го советувал да одмори летово од кошарка.

Србија прво треба да настапи на квалификациски турнир за Олимписките игри, а ако го помине оди на Олимпијада.

„Со големо жалење морам да соопштам дека и покрај големата желба во моментов не сум во можност да настапам за српската репрезентација. Едноставно, состојбата на моето тело бара подолга пауза и одмор, за да се опоравам за напорите што ќе ме очекуваат следната сезона. Тоа е став и сугестија на мојот клуб и реалност која морам да ја прифатам. Убеден сум дека момците и без мене имаат квалитет да остварат резултат со кој ќе нѐ израдуваат сите“, објави Јокиќ.

За разлика од Јокиќ, Лука Дончиќ ќе игра за Словенија.