Наместо пресуда, судијката одлучи да ја преотвори постапката за „Тортура“

4

Поради неразјаснети околности околу фактичката состојба, Судот не може да донесе пресуда за случајот „Тортура” и одлучи постапката да биде преотворена и да продолжи на 8 јули. Ова е одлуката што денес ја донесе судијката Александра Ристеска за случајот со апсењето на Љубе Бошкоски, со образложение дека останале неразјаснети околности кои се клучни за донесување на мериторна одлука за овој предмет.

„Во конкретниот случај на обвинетите им се ставаат на товар неколку специфични дејствија, но и намерата без која кривичното дело не може да постои. Неспорно е дека се случил настан, но не е јасно кој од обвинетите кое дејствие го презел и за Судот нејасно е кој од обвинетите кое дејствие и со кој интензитет го презеле. Согласно член 397 став 1 од ЗКП, Судот оцени дека е потребно дополнување на постапката и разјаснување на одделни прашања и затоа постапката ќе се преотвори. При изведување на сите докази, за членовите на советот е неразјаснето прашањето за употребената сила, закана и отпор. Останаа неразјаснети одредени околности и во моментот постои фактичка пречка за донесување на одлука од судот. Неопходно е да се преотвори главната расправа заради овие причини и затоа следното рочиште се закажува за 8 јули”, рече судијката Ристеска на денешното закажано изрекување на пресудата.

Адвокатот Љупчо Шврговски, кој го застапува Мијалков, во завршни зборови нагласи дека ниту теоријата ниту праксата познаваат стек односно спој, каде едно лице може да се јави и во улога на извршител и поттикнувач, односно не може да постои квалификација во која Мијалков може да биде поттикнувач на извршување на кривичното дело.